А во Ерусалим, при Овчата Врата, има бања со пет тремови, на еврејски наречена Витезда. Во нив лежеа мнозина болни; слепи, хроми и суви, (кои чекаа да се раздвижи водата. Зашто, ангел, одвреме на време, слегуваше во бањата и ја раздвижуваше водата, а кој прв ќе влезеше - откако ќе се разбрануваше водата - оздравуваше од каква и да било болест да страдаше.) Таму имаше еден чо-век, кој лежеше болен триесет и осум години. Кога Исус го виде како лежи и кога узна дека веќе долго боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“ Болниот Му одговори: „Господине, немам чо-век да ме спушти во бањата, кога ќе се разбранува водата; а додека дојдам јас, друг слегува пред мене.“ Исус му рече: „Стани, подигни ја својата постела и оди!“
Прочитај ЈОВАН 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 5:2-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа