Тогаш Пилат Го зеде Исуса и Го бичуваше. А војни-ците исплетоа венец од трња, Му го ставија на главата и Го наметнаа со пурпурна облека, и се приближија до Него и велеа: „Здраво, Јудејски Цару!“ И Му удираа плесници. Потоа Пилат излезе пак и им рече: „Еве, Го изведувам пред вас, за да знаете дека не наоѓам никаква вина во Него.“ А Исус излезе надвор, носејќи трнов венец и облека. И Пилат им рече: „Еве Го Човекот!“ Но, кога првосвештениците и нивните слу-жбеници Го видоа, извикаа, велејќи: „Распни! Распни!“ Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам вина во Него.“ Јудејците Му одговорија: „Ние имаме Закон и според Законот Тој треба да умре, зашто Сам се направи Божји Син.“ А кога Пилат го чу тој збор, уште повеќе се уплаши. И пак влезе во преторијата и Му рече на Исуса: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му одговори. Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам и дека имам власт да Те ослободам? Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној, кој Ме предаде на тебе.“ Отто-гаш Пилат настојуваше да Го ослободи; но Јудејците викаа, велејќи: „Ако Го ослободиш Овој, не си му пријател на ќесарот; секој кој се прави цар, противник му е на ќесарот!“ Штом Пилат ги чу тие зборови, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Плочник, а на евреј-ски Гавата. А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“ Но тие викаа: „Земи, земи! Распни Го!“ Пилат им рече: „Да Го распнам ли вашиот Цар?“ Првосвештениците одго-ворија: „Ние немаме цар, освен ќесарот!“ Тогаш им го предаде за да биде распнат. Тогаш Го зедоа Исуса.
Прочитај ЈОВАН 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 19:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа