“Им го јавив Твоето Име на луѓето, кои Ми ги даде од светот. Твои беа, и Ми ги даде Мене, и го запазија Твоето Слово. Сега сознаа дека е од Тебе сѐ, што си Ми дал; зашто зборовите, што Ми ги даде, им ги предадов ним, а тие ги примија и навистина сознаа дека излегов од Тебе, и поверуваа дека Ти Ме испрати. Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои, и сѐ Мое - е Твое, и Твоето - Мое; и се прославив во нив. И не Сум повеќе во светот, а тие се во светот, Јас идам при Тебе. Свети Татко, запази ги во Твое име оние, кои Ми ги даде, за да бидат едно, како што Сме и Ние. Додека бев со нив, Јас ги чував во Твое име оние, кои Ми ги даде, и ги запазив, па ниеден од нив не погина, освен синот на гибелта за да се исполни Писмото.
Прочитај ЈОВАН 17
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 17:6-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа