Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам. А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. За грев - зашто не веруваат во Мене; за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите; за суд - зашто е осуден кнезот на овој свет. Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. Тој ќе Ме про-слави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави. Сѐ што има Таткото - Мое е; затоа реков дека ќе земе од Моето и ќе ви јави.“
Прочитај ЈОВАН 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОВАН 16:7-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа