Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 12

12
Помазание во Витанија. Месија влегува во Ерусалим
1На шест дни пред Пасхата, Исус дојде во Витанија, каде беше Лазар, кого го воскресна од мртвите. 2Таму Му приготвија вечера, и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние кои со Него седеа покрај трпезата. 3То-гаш Марија зеде литар миро, од чист и скапоцен нард, ги помаза Исусовите нозе и Му ги избриша нозете со својата коса; и куќата се наполни со мирис од мирото. 4А Јуда Искариотски, еден од Него-вите ученици, кој сакаше да Го предаде, рече: 5“Зошто мирово не е продадено за триста динарии, за да бидат раздадени на сиромасите?“ 6Тоа не го рече дека се грижеше за бедните, туку зашто беше крадец; кај него беше ковчежето и земаше од она, што пуштаа во него. 7Но Исус рече: „Оставете ја! Нека го запази тоа за денот на Моето погребение. 8За-што сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.“ 9Многу Јудејци научија дека е таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого го воскресна од мртвите. 10Главните свештеници пак одлучија да го убијат и Лазара, 11зашто многу Јудејци заминуваа заради него и веруваа во Исуса.
12На другиот ден, множество на-род, што беше дошол на праз-никот, кога чу дека Исус доаѓа во Ерусалим, 13зеде палмини гранки и Му излезе во пресрет и викаше: „Осана! Благословен Кој доаѓа во Господовото име, Израелевиот Цар!“ 14А Исус најде осле, и седна на него, како што е напишано: 15“Не бој се, Сионова Ќерко! Еве, твојот Цар иде, седејќи на осле.“ 16Неговите ученици не го разбраа тоа отпрвин, но кога Исус се прослави, тогаш се сетија, дека тоа беше напишано за Него, и дека тоа Му Го сторија. 17А народот, кој беше со Него, сведочеше дека Тој го повика Лазара од гробот и го воскресна од мртвите. 18Заради тоа народот и Му излезе во пре-срет, зашто чуја дека Тој го направи тоа чудо. 19Фарисеите пак си рекоа меѓу себе: „Гледате дека не можете ништо; ете, светот тргна по Него.“
Последни Исусови зборови на народот
20Меѓу поклониците, дојдени на празникот, имаше и некои Грци. 21Тие му пристапија на Филипа, кој беше од Галилејска Витсаида, и го помолија, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исуса. 22Филип отиде и му кажа на Андреја; потоа Андреј и Филип отидоа и Му кажаа на Исуса. 23А Исус им одговори: „Дојде часот да се прослави Човечкиот Син. 24Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само; а ако умре, донесува многу плод. 25Кој го љуби својот живот, ќе го изгуби, а кој го мрази својот живот на овој свет - ќе го запази за вечен живот. 26Ако некој Ми служи Мене - нека Ме следи; каде Сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. Ако некој Ми служи Мене; Мојот Татко ќе го почитува него.“
27Сега, Мојата душа е вознемирена, и што да кажам? Татко, избави Ме од овој час! - Но, заради тоа и дојдов до овој час! 28Татко, прослави го Твоето име! Тогаш дојде глас од небото: „Го прославив и пак ќе го прославам.“ 29А народот, кој стоеше и го чу, рече: „Загрми!“- а други рекоа: „Ангел Му говори!“ 30Исус во одговор рече: „Овој глас не дојде заради Мене, туку заради вас. 31Сега е судот на овој свет. Сега кнезот на светов ќе биде исфрлен надвор! 32А Јас - кога ќе бидам издигнат од земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.“ 33Тоа го рече за да покаже со каква смрт ќе умре. 34Тогаш народот Му одговори: „Ние чувме од Законот дека Христос останува вечно. Тогаш, како велиш Ти дека Човечкиот Син треба да биде издигнат? Кој е тој Човечки Син?“ 35Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е меѓу вас! Одете додека имате светлина, за да не ве опфати темнината! Кој оди по темнина, не знае каде оди. 36Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината.“ Исус го рече тоа, па отиде и се сокри од нив.
Евреите не веруваат во Исуса
37Иако направи толку чуда пред нив, не веруваа во Него, 38за да се исполни словото, што го рече пророкот Исаија: „Господи, кој ѝ поверува на нашата проповед? И кому му се откри Господовата рака?“ 39Затоа не можеа да веруваат, зашто Исаија уште рече: „ 40Им ги заслепи очите, и им ги скамени срцата; за да не гледаат со очите, за да не разбираат со срцето; и за да не се обратат - и да не ги излечам.“ 41Исаија го рече тоа, зашто ја виде Неговата слава и зборуваше за Него. 42Сепак, мно-зина од првенците поверуваа во Него, но заради фарисеите не исповедуваа јавно, за да не бидат исфрлени од синагогата; 43зашто повеќе ја сакаа човечката слава, отколку Божјата слава.
Поттикнување кон вера
44А Исус извика и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној, Кој Ме пратил. 45И кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, Кој Ме прати. 46Јас - Светлината - дојдов во светот, та ниеден, кој верува во Мене, да не остане во темнина. 47И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот. 48Кој Ме отфрла Мене и не ги прима Моите зборови, има свој судија: Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во последниот ден. 49Зашто Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам. 50И знам дека Неговата заповед е вечен живот. И така, што зборувам Јас; зборувам онака како што Ми зборуваше Мојот Татко.“

Селектирано:

ЈОВАН 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се