Лого на YouVersion
Икона за пребарување

СУДИИ 15

15
4. Филистејците ги убиваат Самсоновата жена и тестот
1По некое време, во жетвата на пченицата, Самсон дојде да ја посети својата жена, донесувајќи ѝ јаре, и рече: „Сакам да влезам кај својата жена во одајата.“ Но неговиот тест не му дозволи. 2“Мислев - му рече тој - дека си ја замразил, па му ја дадов на твојот другар. Но зар нејзината помлада сестра не е поубава од неа? Земи ја место неа!“ 3Самсон му одговори: „Овој пат нема да им бидам виновен на Филистејците, кога ќе им направам зло.“ 4И Самсон отиде, фати триста лисици, зеде гламни и, свртувајќи ја опашката кон опашката, стави по една гламна меѓу две опашки. 5Тогаш ги запали гламните, ги пушти лисиците во филистејските ниви и им ги запали сноповите и неожниеното жито, и лозјата, и маслинките. 6Филистејците запрашаа: „Кој го направи тоа?“ Им одговорија: „Самсон, Тамнатевиот зет, затоа што тестот му ја одзеде жената и му ја даде на неговиот другар.“ Тогаш Филистејците отидоа и ги изгореа со оган неа и татковиот ѝ дом. 7“Штом го направивте тоа - им рече Самсон - не ќе мирувам додека не ви се одмаздам.“ 8И ги натепа сите со силни удари, вдолж и напреку, и ги порази. После тоа отиде во пештерата на Итамската Стена и заседна таму.
5. Самсон во филистејски раце
а. Јудејски жители го предаваат на Филистејци
9Тогаш Филистејците тргнаа, се влогорија во Јуда и се раширија до Лехиј. 10“Зошто тргнавте против нас?“ - ги прашаа Јудејците. А тие им одговорија: „Тргнавме да го врземе Самсона и да му направиме како што тој ни направи нам.“ 11Тогаш три илјади Јудејци отидоа кај пештерата на Итамската Стена и му рекоа на Самсона: „Зар не знаеш дека Филистејците господарат над нас? Тогаш зошто ни го направи тоа?“ Тој им одговори: „Како тие мене, така јас ним!“ 12А тие му рекоа: „Дојдовме да те врзиме и да те предадеме во рацете на Филистејците.“ „Заколнете ми се - им рече - дека не ќе ме убиете.“ 13“Не - му одговорија, - ние само ќе те врзиме и ќе те предадеме во нивните раце, но навистина не сакаме да те убиеме.“ Тогаш го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата. б. Самсон им се одмаздува на Филистејци 14Кога го доведоа во Лехиј, и кога Филистејците, викајќи од радост, стрчаа кон него, Господовиот Дух го опфати, и јажињата на неговите раце станаа како ленени конци, прегорени со оган, и му паднаа од рацете. 15Откако забележа уште пресна челуст од осле, ја протегна раката, ја зеде онаа челуст и со неа уби илјада луѓе. 16Тогаш Самсон рече: „Со челуст на осле претепав купови, со челуст на осле убив илјада.“ 17Откако го дорече тоа, ја фрли челуста од раката. Затоа оттогаш тоа место го викаат Рамат-Лехиј (Фрлена челуст). 18Бидејќи беше многу ожеднет, извика кон Господа: „Ти ја извојува оваа голема победа со рацете на Твојот слуга, а зар сега треба да умрам од жед и да им паднам во рацете на необрезаните?“ 19Тогаш Господ ја расече вдлабоченоста што е кај Лехиј, и вода потече од неа. Самсон се напи, и му се врати силата, духот му оживе. Затоа на тој извор му го дадоа името Ен-Акоре (Извор на Оној Кој Повикува), а кој е уште и денес во Лехиј. 20Самсон беше судија во Израел, за време на филистејското владеење, дваесет години.

Селектирано:

СУДИИ 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се