Лого на YouVersion
Икона за пребарување

СУДИИ 13

13
Њ. Тринаесетти судија - Самсон
1. Седмо Израелево отпаѓање и робување
1Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за четириесет години.
2. Самсоново потекло
а. Божјо ветување на Маној и на неговата жена дека ќе добијат син
2А беше некој човек од Сараја, од Дановото племе, по име Маној. Жена му беше неротка и немаше деца. 3На таа жена ѝ се јави Господов Ангел и ѝ рече: „Ти си неплодна и немаш раѓано. 4Но отсега внимавај: да не пиеш ни вино ни жестоки пијалаци, и да не јадеш ништо нечисто. 5Зашто, ќе заносиш, еве, и ќе родиш син. И брич нека не помине преку неговата глава, зашто детето, од мајчината утроба, ќе Му биде посветено на Бога - ќе биде Божји Назиреј, и тој ќе почне да го избавува Израел од рацете на Филистејците.“ 6Жената отиде и му кажа на мажот: „Божји човек дојде кај мене, лицето му беше како на Божји Ангел, полно со достоинство. Не го прашав откаде дојде, ниту тој ми го кажа своето име. 7Но ми рече: ‘Ти ќе зачнеш и ќе родиш син. Отсега не пиј вино ни жестоки пијалаци, и не јади ништо нечисто, зашто твоето дете ќе биде Божји Назиреј од мајчината утроба до смртта.’“ б. Маној и Господов Ангел 8Тогаш Маној Му се помоли на Господа и рече: „Господи, Те молам, Божјиот човек, што еднаш го испрати, нека дојде уште еднаш кај нас и нека нѐ поучи што треба да правиме со детето кога ќе се роди!“ 9Господ го послуша Маноја, и Господовиот Ангел дојде пак кај жената додека седеше во полето. Маној, нејзиниот маж, не беше покрај неа. 10Жената отрча брзо за да го извести мажот и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој дојде кај мене во оној ден.“ 11Маној стана, тргна по жената, и кога дојде при човекот, го праша: „Дали си ти оној, кој зборуваше со женава?“ А тој одговори: „Јас сум.“ 12“Кога ќе се исполни она што си го рекол - пак рече Маној - според кои прописи и како треба да се постапува со детето?“ 13Господовиот Ангел му одговори на Маноја: „Жената нека се чува од сѐ што ѝ забранив. 14Нека не ужива ништо што доаѓа од виновата лоза, нека не пие ни вино ни жестоки пијалаци, нека не јаде ништо нечисто, и нека пази сѐ што ѝ заповедав.“ 15Тогаш Маној му рече на Господовиот Ангел: „Со задоволство ќе те задржиме и ќе те нагостиме со јаре.“ 16На тоа Господовиот Ангел му рече на Маноја: „И да ме задржиш, јас не ќе јадам од твоето јадење, туку ако сакаш да жртвуваш паленица, принеси Му ја на Господа.“ Маној не знаејќи дека тоа е Господов Ангел, 17и му рече на Господовиот Ангел: „Како ти е името, за да можеме да те почестиме кога ќе се исполни она што го рече.“ 18Господовиот Ангел му одговори: „Зошто прашуваш за моето име? Тоа е таинствено.“ 19Тогаш Маној зеде јаре и лебен принос па Му ги жртвува, врз камен, како паленица на Господа, Кој прави таинствени работи. 20Кога пламенот од жртвеникот почна да се вишка кон небото, Господовиот Ангел се дигна во пламенот. Кога Маној и неговата жена го видоа тоа, паднаа со лицето на земја. в. Самсоново раѓање 21Господовиот Ангел не им се јави веќе на Маној и на неговата жена. Тогаш Маној сфати дека тоа е Господов Ангел.
22“Без друго ќе умреме - ѝ рече на жената - зашто Го видовме Бога.“ 23“Ако Господ сакаше да нѐ умртви, - му одговори жената - не ќе ги примеше паленицата и лебниот принос од нашата рака, не ќе ни го покажеше сѐ тоа ниту ќе нѐ оставеше да чуеме нешто такво.“ 24Жената роди син и му го даде името: Самсон. Детето порасте, и Господ го благослови. 25И Господовиот Дух почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Сараја и Естаол.

Селектирано:

СУДИИ 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се