Лого на YouVersion
Икона за пребарување

СУДИИ 10

10
Ј. Седми судија - Тола
1По Авимелеха стана Тола, синот Фуев, син Додов, за да го избави Израел. Тој беше од Исахаровото племе, а живееше во Самир, во Ефремовата Гора. 2Му беше судија на Израел дваесет и три години, а кога умре, го погребаа во Самир. К. Осми судија - Јаир 3По него стана Галатецот Јаир, кој му беше судија на Израел дваесет и две години. 4Имаше триесет синови, кои јаваа на триесет ослиња и имаа триесет градови, што се наречени до денешен ден Јаирови Села, а се наоѓаат во Галадската Земја. 5Кога умре Јаир, го закопаа во Камон.
Л. Деветти судија - Јефтај
1. Шесто отпаѓање на Израел и поробување
6Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи. Им служеа на ваалите и на астартите, на арамејските богови и на сидонските богови, на боговите на Моавците и на боговите на Филистејците. А Го напуштија Господа и веќе не Му служеа. 7Тогаш Господ пламна со гнев и ги предаде во рацете на Филистејците и Амонците. 8Оттогаш тие ги угнетуваа и ги измачуваа Израелците осумнаесет години - сите Израелци кои живееја отаде Јордан, во Аморејската Земја, што е во Галад. 9Потоа Амонците поминаа преку Јордан за да завојуваат и против Јуда и Венијамин, и против Ефремовиот дом, па Израел се најде во голема неволја.
2. Израел извикува кон Господа за избавување
10Тогаш Израелевите синови извикаа кон Господа, велејќи: „Грешевме кон Тебе зашто Го оставивме Господа, нашиот Бог, за да им служиме на ваалите.“ 11А Господ им одговори на Израелците: „Нели ве угнетуваа Египетците и Аморејците, Амонците и Филистејците, 12Сидонците, Амаликците и Маонците? Но кога извикавте кон Мене, нели ве избавив од нивните раце? 13А вие ме оставивте Мене и почнавте да им служите на други богови. Заради тоа не ќе ве избавам веќе. 14Одете и викајте им за помош на оние богови што сте ги избрале! Тие нека ве избават од вашата неволја!“ 15Израелевите синови Му одговорија на Господа: „Согрешивме! Прави со нас што Ти е угодно, само избави нѐ денес!“ 16И ги отстранија туѓите богови и почнаа пак да му служат на Господа. А Господ веќе не можеше да трпи Израелците да патат. 17Кога Амонците се собраа и се влогорија во Галад, се собраа и Израелците и се влогорија во Миспа. 18Тогаш народот и галадските началнци си рекоа едни на други: „Кој човек ќе нѐ поведе во бој против Амонците, нека биде началник на сите жители на Галад.“

Селектирано:

СУДИИ 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се