Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈАКОВ 2:1-13

ЈАКОВ 2:1-13 MKB

Браќа мои, имајте вера во нашиот славен Господ Исус Христос, не гледајќи кој е кој! Зашто ако на вашето собрание дојде човек со златен прстен и со светла облека, а влезе и сиромав во бедна облека, па погледате во оној, во светлата облека, и му речете: „Ти седни тука убаво!“ а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“ или „Седни до моето подножје.“ Не правите ли разлики помеѓу себе и така станавте судии со лоши помисли?“ Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог оние, кои се сиромаси пред светот, за да бидат богати во вера и наследници на Царството, кое им го ветил на оние, кои Го љубат? А вие го презревте сиромавиот! Не се ли богатите тие, кои ве угнетуваат и ве влечат по судилиштата? Не го хулат ли тие доброто име со кое сте наречени? Ако пак го исполнувате царскиот закон според Писмото: „Љуби го својот ближен како самиот себе!“- добро правите. Но ако гледате на лице, правите грев, и законот ве осудува како престапници. Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сѐ. Зашто Оној Кој рекол: „Не прави прељуба!“ рекол и: „Не убивај!“ Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот. Така зборувајте и така постапувајте како луѓе, кои ќе бидат судени по законот на слободата. Зашто судот нема милост кон оној, кој не покажувал милост. Милоста слави победа над судот.