Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 52

52
1Разбуди се, Разбуди се! Облечи се со сила, Сионе; облечи се во најсјајни алишта, Ерусалиме, свети граде, зашто веќе не ќе се искачуваат кон тебе необрезаните и нечистите. 2Истреси го правот од себе, стани, заробен Ерусалиме! Симни го оковот од својот врат, заробена Сионска Ќерко.
г. Господ го искупува Ерусалим заради Своја слава
3Да, вака зборува Господ: „Бевте продадени за ништо и ќе бидете откупени без сребреници.“ 4Да, вака зборува Господ: „Мојот народ слезе некогаш во Египет за да се насели таму како странец, потоа Асирците го угнетуваа без причина. 5Но сега, зошто Сум Јас тука - слово е Господово - кога Мојот народ беше поробен без причина, а неговите господари ликуваат - слово е Господово - и непрекратно секојдневно се хули Моето име. 6Затоа мојот народ ќе го запознае Моето име, и ќе сфати, во оној ден, дека Сум Јас Кој говорам: ‘Еве Ме!’“
д. Восклик на заробеници
7Колку се прекрасни по планините нозете на гласоносецот на радоста кој разгласува мир, носи среќа и проповеда спасение, говорејќи му на Сион: „Твојот Бог царува!“ 8Чуј, твоите стражари го издигаат гласот, сите заедно воскликнуваат од радост, зашто гледаат со своите очи како Господ се враќа на Сион. 9Ликувајте, воскликнувајте, ерусалимски урнатини, зашто Господ го утеши Својот народ и го искупи Ерусалим. 10Господ ја оголи Својата света мишка пред очите на сите народи, за да го видат сите краишта на земјата Спасението на нашиот Бог.
11Одете си, одете си, излезете оттаму, не допирајте ништо нечисто! Одете си од неговата средина! Очистете се, вие кои ги носите Господовите садови. 12Зашто нема да излезете набрзина, ниту ќе одите бегајќи, зашто Господ ќе ви биде претходница, а Израелевиот Бог задна стража!
4. Понижување и слава на Месија - Господов Слуга
а. Слава преку понижување
13Ете, Мојот Слуга ќе успее, ќе се издигне, ќе се возвиши и ќе се прослави 14Како што мнозина испаднаа во ужас кога го видоа, толку му беше лицето нечовечки, обезличено, па со Својот лик веќе не личеше на човек. - 15И така Тој ќе восхити многу народи и царевите ќе стиснат уста пред Него, гледајќи го она за кое што никој не им зборувал, сфаќајќи го она за што никогаш не чуле:

Селектирано:

ИСАИЈА 52: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност