Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 27

27
Г. Господ - Победител на непријателските сили
1. Обнова на Израел - Господово Лозје
1Во оној ден, Господ ќе го казни со лут, голем и силен меч Левијатана, итрата змија, Левијатана, извивливата змија, и ќе го убие морскиот змев. 2Во оној ден, пејте му, на винородното лозје: 3„Јас, Господ, го чувам него, го залевам во секој миг; и за да не го оштети некој, стражам дење и ноќе. 4Нема гнев во Мене! Само нека се појават трништата и трњето, ќе станам во бој против него, ќе го изгорам сето! 5Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!“ 6Доаѓаат денови кога Јаков ќе се вкорени, ќе се разгранчи и ќе процвета Израел, и ќе го наполни со плодови целиот свет.
2. Раселување на Израел - средство за очистување
7Дали го удри како што ги удри оние кои го удираат него? Дали го уби како што ги уби оние кои го убија него? 8Го протера за казна, го зароби, го однесе со Својот силен здив во денот на источниот ветер. 9Така ќе биде очистено Јакововото беззаконие; а ова е сѐ плод за проштавање на неговиот грев. Нека бидат здробени сите камени жртвеници како што се дробат во прав камењата од вар. Нека не се издигаат веќе ашерите и сончевите столбови! 10Зашто запусте утврдениот град, населбата е ограбена, напуштена е како пустина. Телињата пасат таму - лежат таму, ги брстат грмушките. 11Кога ќе му се исушат гранките, ги кршат, доаѓаат жени и палат оган. Зашто тоа е народ неразумен, затоа Создавачот нема да го жали, Творецот нема да му се смилува.
3. Идно собирање на Израел.
12Во тој ден, Господ ќе врши класје од Еуфрат до Египетскиот Поток, и ќе бидете собрани еден по еден, Израелеви деца. 13Во оној ден, ќе затруби голема труба, и ќе дојдат изгубените во Асирската Земја, и кои беа заробени во Египетската Земја, и ќе Му се поклонат на Господа, на Светата Гора, во Ерусалим.

Селектирано:

ИСАИЈА 27: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се