Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 17

17
Д. Пророштво за Дамаск и Самарија
1. Разурнување на Дамаск и Ефрем
1Пророштво за Дамаск. „Ете, Дамаск ќе прекрати да биде град, и ќе стане куп урнатини; 2неговите гратчиња, напуштени довека, ќе бидат пасиште за стадата; ќе лежат во нив, и никој не ќе ги тера. 3Ефрем ќе ги изгуби тврдините, а Дамаск царството; на остатокот на Сирија ќе му се случи што и на славата на Израелевите синови - Слово е на Господ над Воинствата.
2. Остатокот ќе се обрати од идоли кон Бога
4Во оној ден ќе се смали Јакововата слава, ќе ослаби дебелината на неговото тело. 5Ќе биде како жетвар кога го фаќа житото, а раката му го жние класјето, како кога се собираат класови во Рефаимската Долина - 6ќе останат само побироците; или како кога се тресе маслинката: две-три маслинки сосем на врвот, четири или пет на гранките на дрвото - Слово е на Господа, на Израелевиот Бог. 7Во оној ден човекот ќе погледне на својот Создател и ќе ги втренчи очите кон Израелевиот Светец. 8Не ќе го гледа веќе жртвеникот, делото на своите раце, не ќе го гледа веќе оној што неговите прсти го направија: ашерите и сончевите столбови.
3. Наближуваат ужаси од странско навлегување
9Во оној ден твоите градови ќе бидат напуштени, како што беа напуштени хивијските и аморејските, кога ги оставија пред Израелците и ќе запустат, 10зашто го заборави Бога на своето спасение и не ја спомна Стената на својата сила. Затоа садиш пријатни билки и пресадуваш туѓински подници; 11тие порастуваат, во денот кога ги посадуваш, а наутро расцветуваат твоите подници, но жетвата пропаѓа во ден на неволја, во ден на неизлечива тага.
12Ах, шум на многубројни народи, шумат како што шуми морето; шум на народи што шумат, како што шумат големите води. 13Шумат народите како што шумат силните води, но кога Тој ќе им се закани, бегаат далеку, развевани низ горите како плева на ветер, како правот во виор. 14Ете, навечер страв; пред разденување веќе го нема: тоа е судбината на оние кои нѐ пленуваат и коб на оние што нѐ ограбуваат.

Селектирано:

ИСАИЈА 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се