Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 15

15
Г. Пророштво за Моав
1. Опис на запустувањата на Моав
1Пророштво за Моав. Опустен во ноќта, разорен падна Моавскиот Ар! Разурнат во ноќта падна Моавскиот Кир! 2Се искачуваат кон Девонскиот храм, на високи места за да плачат; за Нево и за Медев, Моав рида! Сите глави се истрижени, а сите бради избричени; 3облекуваат вреќи на улиците, а ридаат на неговите покриви! Сите ридаат на неговите раскрсници и пролеваат солзи. 4Лелекаат Есевон и Елеал, плачот се слуша до Јаса. Затоа им се тресат слабините на Моав, трепери неговата душа; 5Моавовото срце липа, неговите бегалци одат до Сигор. Да, за да се искачуваат плачејќи по ридот Луит; по Оронаимскиот Пат се разлева лелек над пропаста. 6Да! Нимримските води станаа пустина: тревата се исуши, тревите исчезнаа, нема веќе зеленило. 7Затоа печалбата што ја спечалија и она што заштедија ги носат преку Потокот на Врбите. 8Да! пискот се разлева низ моавскиот крај: ридањето му е до Еглаим, плачењето му е до Вир-Елим. 9Да! Димонските води се полни со крв, и уште една несреќа му придавам на Димон: еден лав за моавските бегалци и за преживеаните во земјата.

Селектирано:

ИСАИЈА 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се