Чујте го Господовото слово, Израелеви синови, зашто Господ спори со жителите на земјата. Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата, туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата. Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето.
Прочитај ОСИЈА 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: ОСИЈА 4:1-3
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа