ХАБАКУК 3
3
ХАБАКУКОВА МОЛИТВА
3:1-19
А. „Во гнев спомни си за милост“
1Молитва на пророк Хабакук врз Шигонот. 2Господи, ја чув Твојата вест, и сум уплашен. Господи, оживи го делото Свое среде годините, среде годините објави го. Во гневот спомни си за милост!
Б. Одмазда врз безбожници, спасение за покајник
3Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него. 4Болскотот Му е како светлина, зраци светкаат од Неговите раце, таму е скривалиштето на Неговата сила, 5Помор оди пред Него, треската Го следи по стапките. 6Тој застана и земјата се тресе, Тој погледа, и ги стресе народите. Тогаш се растурија дамнешните планини, вечните ридови пропаднаа, одењата на вечноста се Негови. 7Ги видов кушанските шатори во тага, шаторските завеси на Мидиската земја трепереа. 8Пламна ли Господ против реките? Беше ли гневот Твој против реките? Или Твојата јарост против морето? Ти јаваш на Свои коњи, Твоите коли на спасението. 9Го откриваш Својот лак според клетвите направени на племињата преку Твоето слово. Со порои ја расечуваш земјата, 10планините Те видоа и затреперија, воден порој премина, бездната го даде својот глас, ги подигна високо своите раце. 11Сонцето и месечината застанаа во своите живеалишта, пред светлоста на Твоите стрели, пред сјајот на Твоето блескаво копје. 12Разјарено чекориш по земјата, расрдено ги газиш народите. 13Си излегол за спасението на Твојот народ, за спасението на Твојот помазаник; ја разбиваш главата на нечестивата куќа, и ги откриваш основите до вратот. 14Со неговите сопствени копја Ти ја пронижа главата на неговите воини, кои се пуштија како виор да ме разбијат, нивната радост беше потајно да го изедат бедниот. 15Газиш во морето со Твоите коњи, преку пенењето на многу води.
В. Непоколеблива Хабакукова вера
16Чув! Мојата утроба се затресе, ми треперат усните при тој звук, гнилеж навлегува во моите коски, на своето место се растреперив. Зашто јас ќе го чекам спокојно скрбниот ден, за народот кога ќе се подигне да нѐ нападне. 17Макар и да не процвета смоквата, а и да нема плод по лозјата, макар и трудот на маслинката да не успее, и полињата да не донесат храна, макар и стадото да е истребено од трлото, и да нема говеда во оборите, 18јас и тогаш ќе се веселам во Господа, ќе се радувам во Бога на моето спасение. 19Господ Бог е моја сила, Тој ги направи нозете мои како на срните, и ќе ме направи да одам по височините мои. За пејачкиот предводник на моите жичани инструменти.
Селектирано:
ХАБАКУК 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.