Јосифа го доведоа во Египет. Таму, од Исмаилците кои го доведоа тука, го купи Египетецот Петефриј, фараонов придворник и заповедник на неговата телесна стража. Господ беше со Јосифа, затоа имаше успех во сѐ: Египетецот го зеде при себе, во куќата. Неговиот господар виде дека е Господ со него и дека му дава успех во сѐ што неговата рака презема; тој го засака и го зеде дворјанец, и го постави за управител на својот дом и му го довери сиот свој имот. А откако го постави над домот свој и над сѐ што имаше, Господ го благослови домот на Египетецот заради Јосифа: Господовиот благослов беше на сѐ што имаше - во куќата и во полето. И така сѐ свое ѝ отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав. По некое време господаровата жена се загледа во него и му рече: „Легни со мене!“ Тој ѝ се спротиви ѝ рече на жената на својот господар: „Гледај! Откако сум јас тука, мојот господар не се грижи за ништо во куќата; сѐ што има ми го довери мене. Тој нема во куќава поголема власт отколку јас, и ништо не ми скратува освен тебе, зашто си негова жена. И како би можел да направам толку големо зло и да згрешам против Бога!“ Иако таа секојдневно му зборуваше така на Јосифа, тој не се согласи да легне со неа и да биде со неа.
Прочитај БИТИЕ 39
Сподели
Спореди ги сите верзии: БИТИЕ 39:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа