Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 18:9-15

БИТИЕ 18:9-15 MKB

„Каде е жена ти Сáра?“- го прашаа. А тој одговори: „Ене ја во шаторот.“ Тогаш еден од нив рече: „Јас пак ќе се вратам при тебе, догодина, во ова време; а твојата жена Сáра ќе има син.“ Зад него, на влезот на шаторот, Сáра потслушнуваше. А Авраам и Сáра беа остарени, во напредната возраст. На Сáра ѝ прекрати вообичаеното кај жените. Затоа Сáра се насмеа во себеси и си рече: „Откако овенав, сега ли ќе ја испитам радоста? Освен тоа и мојот господар е стар!“ Тогаш Господ го праша Авраама: „Зошто се насмеа Сáра, велејќи: ‘Како ќе родам јас кога сум стара?’ Има ли нешто невозможно за Господа? Ќе се вратам кај тебе откако ќе помине времето на бременоста: Сáра ќе има син.“ Тогаш Сáра одрече, велејќи: „Не се смеев.“ Дека се исплаши. Но Тој рече: „Да, ти се смееше!“