Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 13

13
1Така Аврам излезе од Египет кон Негев, (на југ) со својата жена и со сѐ што имаше, и Лот отиде со него.
2Аврам беше многу богат со добиток, сребро и злато. 3Одеше од место до место, од јужната страна до Ветил, 4до местото каде го имаше оптегнато неговиот шатор отпорано, меѓу Ветил и Гај, и каде подигна жртвеник. Таму Аврам го повика Господовото име. 5Исто и Лот, кој го придружуваше Аврама, имаше овци, говеда и шатори, 6така што земјата не можеше да ги издржува доколку останеа заедно. Нивниот имот беше голем и не можеа да престојуваат заедно. 7Меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток, избувнуваше спор. Во тоа време Ханаанците и Ферезејците живееја во таа земја.
Лот го избира Содом
8Затоа Аврам му рече на Лота: „Да не спориме јас и ти, ни моите пастири и твоите пастири, зашто сме браќа. 9Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене! Ако тргнеш налево, јас надесно; ако тргнеш надесно, јас налево.“ 10Лот ги подигна очите и согледа колку е добро наводнувана Јорданската Долина, како некаква Господова градина, како Египетската Земја сѐ до Сигор, пред Господ да ги истреби Содом и Гомор. 11Затоа Лот ја избра целата Јорданска Долина и замина на исток. Така се одделија еден од друг. 12Аврам остана во Ханаанската Земја, додека Лот живееше во градовите на рамницата и ги преместуваше своите шатори до Содом. 13А жителите на Содом беа многу зли и грешни пред Господа.
14Господ му рече на Аврама, откако Лот се оддели од него: „Подигни ги своите очи, од местото каде си, и погледај кон север, југ, исток и запад, 15зашто сета земја, што можеш да ја видиш, ќе ти ја дадам тебе, и на твоето потомство довека. 16Ќе го направам твоето потомство како прав на земјата. Ако некој може да го изброи правот на земјата, тогаш ќе може да го преброи и твоето потомство. 17Стани! Помини ја земјата надолж и нашироко, зашто тебе ќе ти ја дадам.“ 18Тогаш Аврам ги крена шаторите и дојде и се насели при дабот Мамра, што е во Хеврон. Таму Му направи жртвеник на Господа.

Селектирано:

БИТИЕ 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се