Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 11:1-9

БИТИЕ 11:1-9 MKB

Целата земја имаше еден јазик и исти зборови. Ама кога луѓето се преселија од исток, најдоа рамница во Сенарската Земја, и се населија таму. И си рекоа еден на друг: „Ајде, да направиме плитари и да ги испечеме во оган!“ Плитарите им беа место камен, а смолата место кал. Тогаш рекоа: „Ајде, да си изградиме град и кула, со врв до небото! Да си спечалиме име, за да не се распрснеме по целата земја!“ Господ слезе да ги види градот и кулата, што луѓето ги градеа. И Господ рече: „Ете, еден народ се, со еден јазик за сите! Но, ова е само почеток на нивните настојувања. Сега ништо нема да им биде неостварливо, што и да намислат да направат. Да слеземе и да им го измешаме јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат.“ Така Господ ги распрсна оттаму по целата земја и прекратија да го ѕидаат градот. Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност