Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.“ И така, признајте, дека Авраамови синови се оние, кои се од верата. А и Писмото предвиде, дека Бог преку верата ги оправдува народите, и однапред му го навести Евангелието на Авраама: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“ И така, оние, кои веруваат се благословени заедно со верниот Авраам. Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сѐ што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.“ А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.“ А Законот не е од верата, туку вели: „Кој ги исполнува, ќе живее преку нив.“ Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!“ - Та Авраамовиот благослов да дојде на народите во Христа Исуса, и да Го примиме преку верата ветувањето на Духот.
Прочитај ГАЛАТЈАНИТЕ 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: ГАЛАТЈАНИТЕ 3:6-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа