Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 9

9
2. Пораз на идолопоклонство
а. Знак на невини
1Тогаш извика во моите уши со голем глас и рече: „Казна за градот! Приближете се секој со своето гибелно оружје во раката!“ 2И ете, дојдоа шестмина луѓе од горната врата, што се свртени кон север, секој со гибелно оружје во раката. Меѓу нив имаше и еден облечен во ленена облека со писарски прибор во појасот. Тие влегоа и застанаа покрај бронзениот жртвеник. 3А Славата на Израелевиот Бог се крена од херувот над кој што трепереше, кон прагот на Домот. И го повика човекот облечен во ленено кој имаше писарски прибор во појасот, 4И Господ му рече: „Помини низ градот Ерусалим и обележи ги со знакот ‘тау’ челата на сите што тажат и плачат заради гнасностите што се прават во него!“
б. Истребување на виновни
5А на другите им рече пред моите уши: „Тргнете по него низ градот и убивајте без милосрдие. Вашите очи нека не се сожалат и немајте милост. 6Погубете ги старците, младинците, девојките децата и жените; истребете ги сите до последниот. Но, врз кого ќе биде знакот ‘тау’ него не го зафаќајте. Почнете од Моето светилиште!“ И тие почнаа од старешините, кои што стоеја пред Домот. 7И им рече: „Обесветете го Мојот Дом и наполнете му го дворот со трупови! Тргнете!“ И тие излегоа та почнаа да убиваат низ градот. 8Додека тие погубуваа, јас останав, се фрлив ничкум и завикав: „Ох Господи, Господи! Зар навистина ќе ги уништиш сите што останаа од Израел, за да го излееш Својот гнев над Ерусалим?“
9Тој ми рече: „Мошне е големо беззаконието на Израелевиот дом и на Јудиниот дом; земјата е полна со крв, а градот преполн со разврат.“ Зборуваат: „Господ ја остави земјата! Господ не гледа!“ 10И затоа Моите очи нема да се сожалат, и нема да им се смилуваат: нивните дела ќе им ги оборам врз главата! 11И ете, човекот облечен во ленена облека што имаше писарски прибор во појасот, ја јави веста: „Сторив како што ми заповеда!“

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се