Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 46

46
4. Жртвопринесување на кнез во саботен ден и во ден на млада месечина
1Господ Бог зборува вака: „Вратата на внатрешниот двор, што гледа кон исток, нека биде затворена шест работни денови, а нека биде отворувана во саботниот ден; и нека биде отворувана во денот на младата месечина. 2Кнезот нека влегува низ нивниот трем и нека застане кај довратникот; тогаш свештениците ќе ги принесат неговата паленица и жртва благодарница, а тој ќе се поклони при прагот на вратата и ќе излезе. Вратата нека не се затворува до вечер. 3При влезот на истата врата во сабота и при млада месечина, народот на земјата ќе Му се поклонува на Господа. 4Паленицата што кнезот ќе му ја принесува на Господа, во сабота, нека биде: шест јагниња без недостаток, овен без недостаток. 5А лебниот принос нека биде по ефа на овен, а на јагнето колку и како кој може и по ин масло на ефа. 6Во денот на млада месечина нека бидат принесени: јунец без недостаток, шест јагниња и овен без недостаток. 7А за лебниот принос нека се принесе по ефа на јунецот, по ефа на овен, и по ин масло на ефа. 8Кога кнезот ќе влегува, нека влегува низ тремот на вратата и нека излегува по истиот пат.
5. Влегување во Храм и излегување од Храм
9А кога народот на земјата ќе доаѓа во празниците пред Господа оној кој ќе влезе низ северната врата за да се поклони, нека излезе низ јужната, а кој ќе влезе низ јужната, нека излезе низ северната; нека не се враќа кон вратата низ која што влегол, туку нека излезе низ спротивната. 10И кнезот нека биде со нив: кога ќе влегуваат тие, нека влезе и тој и нека излезе кога ќе излегуваат тие.
6. Правила за жртвопринесувања
11На празниците и на свечените денови нека се принесува лебен принос по ефа на јунец и по ефа на овен, а на јагне колку кој може и по ин масло на ефа. 12Кога кнезот ќе сака да Му принесе доброволна паленица или доброволна жртва благодарница на Господа, нека му ја отворат вратата што гледа кон исток, па нека ја принесе паленицата и својата жртва благодарница како во саботен ден; потоа нека излезе а кога ќе излезе, вратата нека се затвори.
13Секој ден ќе Му принесуваш на Господа за паленица јагне годиначе, без недостаток; ќе го принесуваш секое утро. 14А лебниот принос со него принесувај го секое утро по шестина ефа и по третина ин масло, за да се попрска брашното; тоа нека Му биде лебен принос на Господа според вечна уредба. 15И така треба да се принесуваат јагне, лебен принос и масло секое утро постојано како паленица.“
7. Кнез и закони за наследство
16Господ Бог зборува вака: „Ако кнезот му даде подарок на некој свој син од своето наследство, тој дар ќе им припадне ним во сопственост како наследство. 17Ако од своето наследство му даде подарок на некој свој слуга, тоа ќе му припаѓа нему до ослободувачката година, а потоа нека му биде вратен на кнезот; наследството им припаѓа само на кнезовските синови. 18Кнезот не смее да присвои ништо од наследството на народот, ограбувајќи народниот недвижен имот. На своите синови нека им даде наследство од својот имот, за да не се распрсне народот, протеран од својата сопственост.“‘“
8. Готвачилници при Храм
19Потоа ме одведе низ влезот покрај вратата во свештеничките простории на Светилиштето што гледаа кон север, и ете: таму, во дното, кон запад, едно место! 20И ми рече: „Ова е местото каде што свештениците ќе ги варат жртвите за престапи и за грев и жртвата помирница, каде ќе ги печат лебните приноси за да не ги изнесат во надворешниот двор та да го осветат народот.“
21Потоа ме изведе во надворешниот двор и ме помина покрај четирите агли на дворот, и ете, во секој агол на дворот беше мало дворче. 22Тие мали дворови во четирите агли на дворот беа долги четириесет лакти, широки триесет - сите четири со исти размери; 23сите четири опашани со ѕид, а под ѕидот секаде наоколу беа изградени огништа. 24И ми рече: „Тоа се готвачилниците каде што слугите на Домот ќе му ги варат жртвите на народот„

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 46: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се