Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 12

12
Ѓ. Причини за паѓање на Ерусалим
1. Неверие на народ
а. Знак на врзулци со работи за преселување
1Пак ми дојде Господовто слово: 2“Човечки сине! Ти престојуваш во одметнички дом кој има очи, а не гледа, има уши, а не слуша, но тие не слушаат, зашто се одметнички дом. 3Затоа, човечки сине, подготви си заточенички врзулец со потребни работи и пред нивните очи дење сели се: сели се од своето место во друго, не би ли увиделе дека се бунтовнички дом. 4Дење, пред нивните очи, изнеси го врзулецот, заточеничкиот врзулец, а излези ноќе пред нивните очи, како што се оди на заточение. 5Пред нивните очи стави го врзулецот на рамена и излези во темната ноќ. Покриј го лицето, за да не ја видиш земјата, зашто те поставив како знак за Израелевиот дом!“ 7Направив како што ми беше наредено: дење ги изнесов моите работи, а ноќе го продупчив ѕидот со рацете, и пред нивните очи во темната ноќ ги ставив работите на рамена.
8Наутро ми дојде Господовото слово: 9“Човечки сине, ако те праша Израелевиот дом, бунтовничкиот дом: ‘Што правиш тоа?’ 10Ти речи му: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ова е пророштво за ерусалимскиот кнез и за сиот Израелев дом што е во Ерусалим.“‘ 11Речи: ‘Јас сум ваш знак! Како што направив јас, така ќе им биде ним: сите ќе треба да се селите на заточение!’ 12Нивниот кнез ќе треба да го стави врзулецот на рамена и да излезе по темна ноќ. Ќе го продупчи ѕидот за да излезе низ него, и лицето ќе го покрие со рацете, за да не ја види земјата. 13Јас ќе му оптегнам мрежа и ќе се фати во Мојата стапица, и ќе го одведам во Вавилон, во Халдејската земја. Но тој нема да ја здогледа и таму ќе го остави животот. 14А сите оние околу него, помошниците и четите, ќе ги распрснам во сите ветришта и ќе го извлечам Својот меч против нив. 15А кога ќе ги распрснам меѓу народите и кога ќе ги расеам по земјите, ќе знаат дека Јас Сум Господ. 16Сепак, ќе оставам малкумина што ќе му избегаат на мечот, на гладот и на поморот, за да ги раскажуваат своите гадности меѓу народите каде ќе стигнат, нека се знае дека Јас Сум Господ.“
б. Знак на јадење и пиење со тресење од страв
17И ми дојде Господово слово: 18“Човечки сине, јади леб загрижено и пиј вода со тресење од страв и со трепет! 19И речи му на народот на земјата: ‘Господ, Господ, им зборува вака на ерусалимците во Израелевата земја: „Ќе јадат леб загрижено и ќе пијат вода со трепет, зашто земјата ќе им запустее, и ќе остане без ништо никаде, заради беззаконијата на своите жители. 20И сите градови, сега населени, ќе бидат ограбени, а сета земја запустена. И ќе знаат дека Јас Сум Господ!“‘“
в. Господово слово кон Израелев дом
21И ми дојде Господовото слово: 22“Човечки сине, какви ви се тие приказни за Израелевата земја? Се зборува: ‘Ете, деновите минуваат, а од пророштвото ништо!’ 23Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ќе ги докрајчам тие приказни, и не ќе бидат повторувани веќе во Израел.“ Речи им: „Деновите веќе наближуваат, и сите Мои пророштва ќе се исполнат! 24Зашто не ќе има веќе во Израелевиот дом измамливи виденија, ни лажни пророштва, со кои што ги заведуваа луѓето. 25Бидејќи што Јас, Господ, Господ, зборувам, тоа и ќе биде и словото нема да биде одложено! Да! уште во вашите дни, бунтовнички роду, ќе го изговорам словото и ќе го извршам.“ Така зборува Господ, Господ!’“
26И ми дојде Господово слово: 27“Човечки сиие! Еве што се зборува во Израелевиот дом: ‘Видението што овој го виде е за далечни денови! Пророкува за далечни времиња!’ 28Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ниедно Мое слово нема веќе да се одложи! Што реков, речено е и сѐ ќе се исполни! - Говори Господ Бог.’“

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се