Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 38

38
Бронзен жртвеник
1Направи жртвеник за жртви паленици од багремово дрво, долг пет лакти, широк пет лакти - четвртест - а висок три лакти. 2Му направи четири рога на неговите четири агли. Роговите беа од еден дел со него. Потоа го опкова со бронза. 3А го направи и целиот прибор за жртвеникот: длабоки грнци, лопатки, садови, вилушки и кадилници; целиот овој прибор го направи од бронза. 4Потоа направи решетка за жртвеникот во облик на мрежичка од бронза под испакнатините, му зафаќаше до средина. 5Излеа четири колца на четирите агли на бронзената решетка, за да служат како рачки за ластегарките. 6Ги направи ластегарките од багремово дрво па ги опкова со бронза. 7Тогаш ги провлече ластегарките низ колцата на двете страни на жртвеникот, за да се носи на нив. Го направи со празнина од даски. 8А потоа направи бронзен мијалник и бронзена потпирка за него од огледалата на жените, кои прислужуваа пред вратата на Шаторот на средбата.
Двор
9Потоа направи двор. На јужната страна на дворот беа завеси од препреден лен, долг сто лакти. 10Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро. 11Од сто лакти беа завесите и на северната страна. Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро. 12Завесите на западната страна беа од педесет лакти, со десет столбови и со десет нивни подножја. Куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро. 13Однапред, на исток, завеси од педесет лакти. 14Од едната страна на вратата завесите беа од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја. 15Така и од другата страна - значи, на двете страни на дворната врата - беа завеси од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја. 16Сите завеси околу дворот беа од препреден лен. 17Подножјата за столбовите беа од бронза, а куките на столбовите и нивните поврзувачи од сребро. Врвовите на столбовите беа опковани со сребро. Сите столбови во дворот беа покриени со сребро. 18Завесата на дворната врата - извезана - беше од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. Беше долга дваесет лакти; висока, во ширина, пет лакти како и дворните завеси. 19Имаше четири нивни столбови, со четири подножја од бронза. Куките на столбовите беа од сребро. Врвовите на столбовите беа опковани со сребро, а нивните поврзувачи беа сребрени. 20Сите колчиња во внатрешноста на Шаторот и околу дворот беа од бронза.
21Тоа е попис на работите за Шаторот на Сведоштвото, што е составен според Мојсеевата заповед, а со труд на Левитите под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон. 22Веселеил, Уриев син, од Оровото колено, од Јудиното племе, направи сѐ што Господ му заповеда на Мојсеја. 23Со него беше Елиав, син Ахисамахов, од Дановото племе, копаничар, искусен уметник и везач за љубичесто, црвено и темноцрвено предено и за препреден лен.
24Целото злато што беше потрошено во работите за Светилиштето - злато посветено со приноси - изнесуваше: дваесет и девет таланти и седум стотини и триесет сикли, според храмските сикли. 25А среброто собрано при пребројувањето на заедницата - 26односно по еден веках на глава, односно половина сикал според храмскиот сикал, од секој што беше запишан, од дваесет години па нагоре - изнесуваше: сто таланти и илјада и седум стотини седумдесет и пет сикли, во храмски сикли. Беа запишани шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет. 27Сто таланти сребро отидоа за леење на подножјата на Светилиштето и за завесата: сто подножја од сто таланти - талант за подножје. 28А од илјада седум стотини седумдесет и пет сикли направи куки за столбовите, ги опкова нивните врвови и направи поврзувачи за нив. 29Бронзата принесена како дар изнесуваше седумдесет таланти и две илјади и четири стотини сикли. 30Од неа направи: подножја за влезот во Шаторот на средбата, бронзен жртвеник, со негова решетка од бронза и сиот прибор на жртвеникот; 31натаму, подножја околу дворот, подножја за дворниот влез; сите колчиња за Престојувалиштето и сите колчиња околу дворот. Облека на големиот свештеник и на другите свештеници.

Селектирано:

ИЗЛЕЗ 38: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се