Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПРОПОВЕДНИК 5:10-19

ПРОПОВЕДНИК 5:10-19 MKB

Каде се умножува богатството, се умножуваат и тие кои го јадат; па каква полза му е од тоа на господарот, освен да го гледа со очите? Сладок е сонот на трудољубивиот, дали јал малку или многу, додека богатството не го остава богатиот да заспие. И видов тешко зло под сонцето: собрано богатство што му е на пропаст на својот сопственик. Зашто при лоша незгода пропаѓа таквото богатство, па не му останува ништо на синот што му се родил. Гол излезе од утробата на својата мајка и така гол и ќе си отиде каков што дојде; ништо нема да понесе од сиот свој труд. И тоа е тешко зло зашто си заминува така како што и дошол; па каква му е ползата од тоа што се измачувал за ветер. Сите свои денови ги јаде во темнина, во неволја, во грижа, во болест и во гнев. Затоа го заклучувам ова: права среќа за човекот е да јаде и да пие и да биде задоволен со сиот свој труд, со кој се измачува под сонцето за време на краткиот век што му го дал Бог, зашто таква судбина му е дадена во дел. Па ако Бог му дал на човекот богатство и имот за да ги ужива и за да биде задоволен со своето дело - и тоа е дар од Бога. Зашто тогаш барем не мисли многу на деновите на својот живот, кога Бог му дава да му се весели срцето.