Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПРОПОВЕДНИК 4

4
Б. Жесток и неправеден живот
1. Солзи на угнетувани
1Пак почнав да ги набљудувам сите насилства што се прават под сонцето, и ете, солзи на угнетуваните, и никој нема да ги избрише; и насилствата на угнетувачката рака, а утешител нема за нив. 2Затоа ги сметам среќни мртвите што веќе умреле; посреќни се од живите што живеат уште. 3А од едните и другите е посреќен оној кој уште не постои, кој не ги видел лошите дела што се прават под сонцето.
2. Труд без цел и осаменост
4Натаму искусив дека секој напор и секој успех му прибавува на човекот завист од неговиот ближен. И тоа е суета и гонење на ветер. 5Безумникот ги скрстува рацете и се јаде себеси. 6Подобро е полн грст во мир отколку двата грста со мачен труд и мака во духот.
7И уште една суета забележав под сонцето: 8Човек сосем сам - без син, без брат, и пак нема крај на неговиот труд; очите не можат да му се наситат со богатство; а не мисли: за кого се трудам и си го скратувам доброто себеси? И тоа е суета и зло дело.
9Подобро им е на двајцата отколку на еден, зашто имаат подобра плата за својот труд. 10Ако падне едниот, другиот ќе го поткрене а тешко му на едниот! Ако падне, нема никој да го крене. 11Па и ако се спие двајца заедно потопло е; а како ќе се загрее самецот? 12И ако некој удри на едниот, двајцата ќе му се спротиват; и троструко јаже не се кине скоро.
3. Непостојаност на земните царства
13Подобар е сиромашен младец а мудар, отколку стар цар а неразумен, кој веќе не знае за совет. 14Зашто младецот може да излезе од темница и да стане цар, а тој и како цар да е роден пак ќе е сиромашен. 15Забележав како сите кои живеат и одат под сонцето се определија за младецот, за настапникот кој ќе го наследи. 16Тој стапува на чело на безбројните поданици и идните поколенија не можеа да се радуваат заради него. И тоа е суета и тежина на духот.
4. Вистинска побожност
17Кога одиш во Божјиот дом, пази на своите чекори. Приближи се за да можеш подобро да слушаш - отколку да принесуваш жртва на лудиот, зашто нема број на сиот народ на сите тие, на кои им началствуваше, иако наследниците не ќе му се радуваат нему. Тие и не знаат дека прават зло.

Селектирано:

ПРОПОВЕДНИК 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се