Јас, Проповедникот, бев цар над Израел во Ерусалим. И го насочив срцето за да истражам и да доловам со мудроста сѐ што се збиднува под небото; о, колку тешка задача им зададе Бог на човечките синови, за да се трудат со неа. Видов сѐ што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот! Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи. Јас зборував со своето срце и реков: „Ете, придобив поголема мудрост од кој и да е од моите предходници во Ерусалим. Моето срце научи голема мудрост и знаење.“ Внимателно ја проучив мудроста а така и глупоста и лудоста, но сознав дека тоа е гониветер. Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки.
Прочитај ПРОПОВЕДНИК 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПРОПОВЕДНИК 1:12-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа