Лого на YouVersion
Икона за пребарување

КОЛОСЈАНИТЕ 1:9-20

КОЛОСЈАНИТЕ 1:9-20 MKB

Затоа и ние од оној ден кога го чувме тоа, не прекратуваме да се молиме за вас и да просиме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање, така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сѐ; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога; зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост да Му благодарите на Бога, Кој нѐ оспособи за учество во наследството на светите во светлината. Тој нѐ избави од власта на темнината и нѐ пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите. Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, зашто во Него е создадено сѐ што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сѐ е создадено преку Него и за Него. И Тој е пред сѐ и сѐ во Него има свое сплотување. Тој е и Глава на Телото, на Црквата: Тој е почеток, Првороден од мртвите, за да биде Прв во сѐ, зашто во Него благоволи да се всели сета полнота, и преку Него да измири кон Себе сѐ што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со КОЛОСЈАНИТЕ 1:9-20