Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 1:9-20

Колосјаните 1:9-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање, та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога, укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост, благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината, нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син, во Кого имаме откуп; и простува­ње на гревовите. Тој е слика на невидливиот Бог, пр­вороден пред секое создание; бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои. И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ. Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота, и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.

Колосјаните 1:9-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини. Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог. Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината. Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите. Христос е над се Христос е видлива слика на невидливиот Бог. Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал. Преку Христос Бог ги создаде сите нешта и на небото и на Земјата: тоа што се гледа и тоа што не се гледа, сите престоли и власти, сите владетели и властодршци, се беше создадено преку Него и за Него. Тој постои пред се и ги одржува сите нешта. Христос е глава на Црквата, која е Негово тело. Тој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите, зашто Бог одбра во Него во целост да се всели Божјата природа и преку Него да ги помири со Себе сите, било да се на Земјата, или на небото, воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот.

Колосјаните 1:9-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Затоа и ние од оној ден кога го чувме тоа, не прекратуваме да се молиме за вас и да просиме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање, така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сѐ; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога; зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост да Му благодарите на Бога, Кој нѐ оспособи за учество во наследството на светите во светлината. Тој нѐ избави од власта на темнината и нѐ пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите. Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, зашто во Него е создадено сѐ што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сѐ е создадено преку Него и за Него. И Тој е пред сѐ и сѐ во Него има свое сплотување. Тој е и Глава на Телото, на Црквата: Тој е почеток, Првороден од мртвите, за да биде Прв во сѐ, зашто во Него благоволи да се всели сета полнота, и преку Него да измири кон Себе сѐ што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.