АМОС 8
8
Д. Видение: кошница со зрели плодови
1. Знак на брза гибел на Израел
1Еве што ми покажа Господ Бог: ете, кошница со летни плодови: 2„Што гледаш Амосе?“ ме праша. „Кошница со зрели плодови,“ реков. Тогаш Господ ми рече: „Мојот Израелски народ дозреа за пропаст; не ќе го штедам веќе. 3И храмските певици ќе ридаат во тој ден - говори Господ Бог, - ќе бидат многу трупови, ќе ги фрлаат насекаде, молчејќи.“
2. Користољубие
4Слушајте го ова, вие што ги газите сиромасите и што ги сотрувате бедните во земјата! 5Велите: „Кога ли ќе помине новата месечина, за да го продадеме житото, и саботата, за да тргуваме со пченицата. Намалувајќи ја ефата, зголемувајќи го сикалот, да измамуваме со криви мерилки, 6за да го купиме сиромашниот за сребреници, бедниот за лесни обувки, и за да ги продаваме триците од житото.“ 7Господ се заколна во Јакововата Слава: „Не ќе заборавам довека ниедно ваше дело.“ 8Не ќе ли се стресе од тоа земјата, не ќе ли зажалат сите нејзини жители, не ќе ли се издигне сета како Нил, не ќе ли се спушти како Египетската Река?
3. Навестување на Господов ден
9Во тој ден - говори Господ Бог - ќе направам сонцето да зајде на пладне, и ќе ја затемнам земјата сред бел ден. 10Ќе ги обрнам вашите празници во жалост и сето ваше пеење во плач; ќе го облечам во вреќиште секое бедро, и ќе ја обескосам секоја глава. И ќе биде како кога се тажи по единец, и што ќе остане, ќе биде како ден на горчливост.“
4. Жед за Божјо слово
11„Еве, доаѓаат денови - говори Господ Бог - кога ќе испратам глад на земјата, не глад за леб ни жед за вода, туку за слушање на зборовите на Господа. 12Ќе скитаат од море до море, талкајќи од север до исток барајќи го Господовото слово, ама не ќе го најдат. 13Во оној ден убавите девојки и младинци ќе примираат од жед. 14Оние кои се колнат во самарискиот грев и се заколнуваат: ‘Така да биде жив твојот бог, Дане!’ и: ‘Така да биде жив твојот Љубимец Вирсавео!’ Тие ќе паднат и никогаш не ќе станат.“
Селектирано:
АМОС 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.