Лого на YouVersion
Икона за пребарување

АМОС 5:4-15

АМОС 5:4-15 MKB

Зашто Господ му зборува вака на Израелевиот дом: „Барајте Ме Мене и ќе живеете. Не барајте го Ветил, не одете во Галгал, не патувајте во Вирсавеа, зашто Галгал ќе биде одведен во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо. Барајте Го Господа и ќе живеете, или како оган ќе ја зафати Јосифовата куќа и ќе ја изгори, а во Ветил не ќе има никој да го угасне пламенот. Тешко им на оние кои ја претворуваат правдата во пелин, кои ја фрлаат чесноста во прав!“ Тој ги направи Плеадите и Орион, Тој го обрнува мракот во зора, а денот во најгуста ноќ. Тој ги повикува морските води и ги излева преку лицето на земјата. Господ Му е името. Одненадеж ѝ праќа гибел на крепоста и ѝ носи пропаст на тврдината. Го мразат човекот што дели правда при вратата, и го корат оној што зборува чесно. Затоа, бидејќи го угнетувате сиромашниот, истргнувајќи од него данок во жита, во куќите што ги создадовте од делкан камен никогаш не ќе живеете; од пријатните лозја што ги посадивте никогаш не ќе пиете вино. Зашто знам многу ваши злостори, и вашите преголеми гревови. Го угнетувате праведникот и примавте поткуп, одбивајќи го сиромашниот при градската врата. Мудрецот молчи во ова време, зашто времињата се толку лоши. Барајте го доброто, а не злото, за да живеете, и за да биде Господ, Бог над Воинствата, навистина со вас како што велите дека е. Мразете го злото, љубете го доброто, пазете ја правината, при градската врата, па можеби Господ, Бог над Воинствата, ќе му се смилува на Јосифовиот остаток.