Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ДЕЛА 7

7
Стефанова проповед
1Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?“ 2А тој рече: „Браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога престојуваше во Месопотамија, пред да се насели во Харан, 3и му рече: ‘Излези од својата земја и својот род и појди во земјата, што ќе ти ја покажам!’ 4Тогаш тој излезе од Халдејската Земја и се насели во Харан и оттаму, по смртта на татко му, Бог го пресели во оваа земја, во која што живеете сега. 5Но не му даде наследство во неа, ни една стапка од земјата, туку му вети, додека уште немаше дете, дека ќе им ја даде во наследство: нему и на неговото семе по него. 6Имено, Бог му рече дека неговите потомци ќе бидат придојденици во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четири стотини години. 7’Но, Јас ќе му судам на народот, рече Бог, на кој ќе му робуваат; а потоа ќе излезат и ќе Ми служат на ова место.’ 8И му го даде Заветот на обрезанието; и така на Авраама му се роди Исак и го обреза на осмиот ден; а на Исака - Јаков; а на Јакова - дванаесетте патријарси.“
9„А патријарсите му завидоа на Јосифа и го продадоа во Египет, но Бог беше со него, 10и го избави од сите негови неволји и му даде благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави за управител на Египет и над целиот свој дом. 11Тогаш настана глад и голема беда во целиот Египет и Ханаан, и нашите татковци не можеа да најдат храна. 12А кога Јаков чу дека има жито во Египет, ги испрати таму нашите татковци за првпат. 13Кога дојдоа по вторпат, Јосиф им се откри на своите браќа, и Фараонот научи за Јосифовото потекло. 14Тогаш Јосиф испрати и го повика татка си Јакова и целиот род - седумдесет и пет души. 15И така Јаков слезе во Египет, каде умре, тој и нашите татковци. 16И го пренесоа во Сихем и го положија во гробот, што Авраам го беше купил за сребро во Сихем, од Еморовите синови.“
17„Колку повеќе се приближуваше ветеното време, за кое Бог му се заколна на Авраама, толку повеќе народот се зголемуваше и се намножи во Египет, 18додека во Египет не завладеа нов цар, кој не знаеше за Јосифа. 19Тој постапуваше лукаво со нашиот народ, и ги измачуваше нашите татковци, присилувајќи ги да ги фрлаат своите деца, за да не останат живи. 20Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бога. Три месеци го одгледуваа во татковиот дом, 21а кога го напуштија, го зеде фараоновата ќерка и си го одгледа за син. 22И Мојсеј ја изучи целата египетска мудрост, и беше силен во своите зборови и дела. 23А кога наврши четириесет години, му дојде на ум да ги посети своите браќа - синовите Израелеви. 24И кога виде како еден страда неправедно, го одбрани и го одмазди угнетуваниот, убивајќи го Египтјаниот; 25мислејќи дека неговите браќа ќе разберат дека Бог, преку неговата рака, им дава избавување, но тие не разбраа. 26А на идниот ден дојде меѓу нив додека се тепаа и се обиде да ги смири, велејќи: „Луѓе, вие сте браќа! Зошто правите неправда еден на друг?“ 27Но оној, кој му правеше неправда на својот ближен го турна и рече: „Кој те постави тебе за началник и за судија над нас? 28Сакаш ли и мене да ме убиеш, како што го уби Египтјанинот; вчера?“ 29Заради тој збор Мојсеј избега и стана придојденик во Мадијамската земја, каде му се родија два сина.“
30Кога поминаа четириесет години, му се јави ангел во пустината на Синајската Гора, во пламенот на запалена капина. 31Кога Мојсеј го виде тоа, се зачуди на глетката, а кога се приближуваше, за да разгледа, се чу гласот Господов: 32’Јас Сум Бог на твоите татковци: Бог Авраамов, Исаков, и Јаковов.’ Мојсеј се растрепери и не се осмели да погледа. 33Тогаш Господ му рече: ‘Собуј ги обувките од своите нозе, зашто местото на кое стоиш е света земја! 34Навистина го видов измачувањето на Мојот народ во Египет и го чув неговото воздивнување, и слегов да го избавам. И сега дојди да те испратам во Египет!’
35“Овој Мојсеј, од кого се откажаа со зборовите: ‘Кој те постави тебе за началник и за судија?’ - Бог него го испрати, преку ангелот, кој му се јави во капината, за началник и за избавител. 36Тој ги изведе правејќи чудеса и знаци во Египет, во Црвеното Море и во пустината четириесет години. 37Тоа е Мојсеј, кој им рече на Израелевите синови: „Бог ќе ви издигне, меѓу вашите браќа, пророк како мене Него послушајте Го.“ 38Тоа е оној, кој во заедницата во пустината, беше со ангелот, кој му зборуваше на Синајската Гора, и со нашите татковци; оној кој ги прими живите зборови, за да ни ги предаде нам. 39Нашите татковци не сакаа да го послушаат, го отфрлија и се свртија со срцето кон Египет, 40зборувајќи му на Арона: ‘Направи ни богови, кои ќе одат пред нас, зашто не знаеме што стана со Мојсеја, кој нѐ изведе од Египет!’ 41И во оние денови направија теле и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце. 42Тогаш Бог се сврте од нив и ги предаде да Му служат на небесното воинство, како што е напишано во Книгата на Пророците: ‘Доме Израелев Мене ли Ми принесувавте заклани животни и жртви четириесет години во пустината? 43Туку го носевте Молоховиот шатор и ѕвездата на богот Рафан; кипови што ги направивте, за да им се поклонувате, затоа ќе ве преселам потаму од Вавилон!’ 44Нашите татковци го имаа со себе Шаторот на сведоштвото во пустината, како што го заповеда тоа Оној, Кој му зборуваше на Мојсеја да направи според образецот што го видел. 45Нашите татковци го примија и го внесоа со Исуса, кога ја зазедоа земјата на народите, кои Бог ги протера пред нашите татковци, и така беше сѐ до Давидовите денови. 46Овој најде милост пред Бога, и затоа измоли да Му најде живеалиште на Јакововиот Бог. 47А Соломон Му изгради Дом. 48А Сѐвишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот: 49’Небото Ми е престол, а земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка? 50Не го направи ли сѐ тоа Мојата рака?’ 51Тврдоглави и со необрезани срца и уши! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух! Како вашите татковци така и вие! 52Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? И ги убија оние, кои однапред го навестуваа доаѓањето на Праведникот, чии предавници и убијци вие станавте сега, 53вие, кои го примивте Законот преку служење на ангели - и не го запазивте.“
Стефанова маченичка смрт
54Кога го чуја тоа, многу се налутија во своите срца и чкртаа со забите на него. 55А тој, полн со Светиот Дух, погледна на небото ја виде Божјата Слава и Исуса, како стои оддесно на Бога 56и рече: „Еве, ги гледам отворени небесата и Човечкиот Син како стои оддесно на Бога.“ 57Тогаш извикаа со силен глас, ги затнаа своите уши и се нафрлија еднодушно на него. 58И го исфрлија од градот и фрлаа камења на него. А сведоците ги оставија своите облеки до нозете на едно момче, кое се викаше Савле. 59И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!“ 60Тогаш падна на колена и извика со силен глас: „Господи, не земај им го ова за грев!“ И кога го рече тоа - заспа.

Селектирано:

ДЕЛА 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност