Ги поминаа Фригиската и Галатската Земја, зашто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија. А кога дојдоа спроти Мисија, се обидоа да отидат во Витанија, но Исусовиот Дух не им дозволи. И така, поминаа низ Мисија и слегоа во Троада. И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!“ И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нѐ повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол, 12 а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена. А во саботата излеговме надвор од градската врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме и им зборувавме на собраните жени. И некоја богобојазлива жена по име Лидија, продавачка на пурпурно платно од градот Тиатир, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на Павловите зборови. А кога беше крстена таа, и нејзиниот дом, нѐ замоли, велејќи: „Ако ме признавате за верна на Господа, влезете во мојот дом и останете.“ И нѐ принуди.
Прочитај ДЕЛА 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: ДЕЛА 16:6-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа