Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ДЕЛА 1:12-24

ДЕЛА 1:12-24 MKB

Тогаш се вратија во Ерусалим, од Гората, која се вика Маслинова, што е близу до Ерусалим, еден саботен ден одење. И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа. А во тие дни Петар стана, меѓу браќата, а имаше собрано множество - околу сто и дваесет души - и рече: “Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса; тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава. Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба. И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, така што нивата е наречена на нивниот јазик Акелдама, што значи „Крвна Нива.“ Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‘Неговиот дом да биде пуст и да нема кој да живее во него!’ а ‘неговата служба да ја прими друг.’ И така, потребно е пак, еден од оние луѓе, кои беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде при нас и си отиде од нас - почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение.“ И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, наречен Јуст, и Матиј. И се помолија, велејќи: „Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца