Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ТИМОТЕЈА 4

4
1Те заколнувам пред Бога и Христа Исуса, Кој е готов да им суди на живите и мртвите, со Неговото јавување и Неговото Царство: 2проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука. 3Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите, 4и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки. 5А ти биди трезвен во сѐ, трпи го страдањето, врши ја работата на евангелист, исполнувај ја својата служба до крај.
6Зашто јас веќе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи. 7Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата. 8Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување.
Пораки
9Погрижи се да дојдеш скоро при мене, 10зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет и отиде во Солун; Крискент отиде во Галатија, Тит во Далмација. 11Само Лука е при мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е полезен за службата. 12Тихик го пратив во Ефес. 13Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката, што ја оставив во Троада при Карпа, и книгите, особено пергаментните! 14Ковачот Александар ми направи многу зло; Господ ќе му плати според неговите дела. 15И ти пази се од него, зашто им се противеше многу на нашите зборови.
16При мојата прва одбрана никој не беше со мене, туку сите ме оставија; нека не им се засмета тоа! 17Но Господ застана со мене, и ми даде сила, за да се исполни проповедувањето преку мене, и да чујат сите народи; и се избавив од лавовска уста. 18Господ ќе ме избави од секое зло дело и ќе ме запази за Своето Небесно Царство. Нему слава за вечни векови. Амин!
Поздрави и благослов
19Поздрави ги Прискила и Акила и Онисифоровиот дом! 20Ераст остана во Коринт, а Трофим го оставив болен во Милет. 21Погрижи се да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Еувул, Пуд, Лин, Клаудија, и сите браќа. 22Господ Исус Христос да биде со твојот дух! Благодатта да биде со вас Амин!

Селектирано:

2 ТИМОТЕЈА 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност