Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 САМОИЛ 20

20
В. Востание на Сева
1. Сева повикува на бунт
1Таму случајно се најде опак човек, по име Сева, син Вихриев, Венијаминец. Тој затруби во рогот и извика: „Ние немаме дел со Давида, ни наследство со Јесеевиот син! Секој во својот шатор, Израелу!“ 2Така сите Израелци го оставија Давида и тргнаа по Вихриевиот син Сева; е Јудејците му останаа приврзани на својот цар и го отпратија од Јордан до Ерусалим. 3Кога Давид се врати во својот дворец во Ерусалим, ги зеде десетте соложници, кои ги беше оставил да го чуваат дворецот, и ги стави да бидат чувани. Се грижеше за нивното издржување, ама веќе не одеше кај нив. Така тие живееја затворени до својата смрт, како вдовици на жив маж.
2. Јоав го убива Амаса
4Потоа царот му заповеда на Амаса: „Свикај ми ги Јудејците во три дни, а и ти да бидеш тука!“ 5Амаса отиде да ги свика Јудејците, но се задржа преку времето што му го беше одредил царот. 6Тогаш Давид му рече на Ависај: „Сега Вихриевиот син Сева ќе ни биде поопасен отколку Авесалом. Затоа земи ги луѓето на својот господар и тргни во потера по него, за да не стигне до утврдените градови и за да не ни избега од очите!“ 7По Ависаја тргнаа на пат Јоав, Херетејците, Фелетејците, Пелеќанците и сите јунаци; тие излегоа од Ерусалим во потера по Вихриевиот син Сева. 8Кога беа кај големиот камен што е кај Гаваон, Амаса дојде спроти нив. Јоав имаше на себе воена облека, а преку неа имаше припашан меч покрај бедрото, во ножница; ама мечот му се лизна и падна. 9Јоав го поздрави Амаса: „Дали си ми добар, брате?“ И со десната рака го фати Амаса за брадата за да го пољуби. 10Амаса не обрнуваше внимание на мечот што беше во раката на Јоава, и тој го удри со него во желудникот и му ја истури утробата на земја. Не требаше да го повтори ударот и Амаса умре.
3. Јоав и Ависај го гонат Сева
Јоав со својот брат Ависај ја продолжи потерата по Вихриевиот сен Сева. 11Едно од Јоавовите момчиња остана на стража кај Амаса, и тука викаше: „Кому му е мил Јоав и кој е за Давид, нека го следи Јоава!“ 12А Амаса лежеше во крв сред патот. Откако виде оној човек дека сиот народ застанува, го одвлече Амаса од патот во полето и фрли преку него наметало, зашто виде дека подзапира секој кој ќе наидеше близу до него. 13Кога Амаса беше отстранет од патот, сите луѓе тргнаа по Јоава, за да го гонат Вихриовиот син Сева.
4. Убиство на Сева
14Сева помина низ сите израелски племиња сѐ до Авел Вет Маак, и сите Виранци со него. Тие се собраа и тргнаа по него. 15Јоав дојде и го опсадија Авел Вет Маак. Нареди да се изгради насип околу градот. Сета војска што беше со Јоава се нафрли да го поткопува ѕидот за да го разурне. 16Тогаш една мудра жена се искачи на ѕидот и повика од градот: „Чујте! Чујте! Речете му на Јоава: ‘Дојди ваму, да разговарам со тебе!’“ 17Кога дојде, жената праша: „Ти ли си Јоав?“ Тој одговори: „Јас сум.“ А таа рече: „Послушај ги зборовите на својата слугинка!“ Тој одговори: „Слушам.“ 18Жената продолжи: „Некогаш се зборуваше вака: ‘Треба да се праша во Авел 19дали е свршено со она што утврдија верниците и мирните во Израел.’ Ти сакаш да уништиш еден град, и тоа еден од матичните градови во Израел. Зошто го сотираш Господовото наследство?“ 20Јоав одговори вака: „Далеку, далеку е тоа од мене! Не сакам ни да сотрувам ни да разурнувам. 21Не се работи за тоа, туку еден човек од Ефремовата Гора, по име Сева, син Вихриев, ја подигна раката на царот, на Давида. Предајте го само него, па ќе си одам од градот!“ Жената му одговори на Јоава: „Добро. Веднаш ќе ти ја фрлат неговата глава преку ѕидот!“ 22Жената се врати во градот и му проговори на сиот народ како што ѝ зборуваше нејзината мудрост. И му ја отсекоа главата на Вихриевиот син Сева и му ја фрлија на Јоава. А тој заповеда да затрубат во рог, та се разотидоа од градот, секој во својот крај. А Јоав се врати кај царот во Ерусалим. 23Јоав беше заповедник на сета војска. Јодаевиот син Венај беше заповедник на Хетејците и Фелетејците. 24Адорам беше надгледувач над работите. Ахилудовиот син Јосафат беше летописец. 25Сеја беше државен писар. Садок и Авијатар беа свештеници. 26Покрај тоа Јаиранецот Ира беше Давидов заменик.

Селектирано:

2 САМОИЛ 20: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се