Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ПЕТРОВО 1:3-11

2 ПЕТРОВО 1:3-11 MKB

Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што ни е потребно за живот и побожност, преку познавањето на Оној, Кој нѐ повика преку Својата сопствена слава и добродетел, со што ни се подарени скапоцени и најголеми ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, откако ѝ избегавте на расипаноста, која е во светот, преку сладострастието, кое владее во светот; заради тоа вложете ја сета ревност, и исполнете ја својата вера со добродетел, а добродетелта со знаење; а знаењето со воздржливост; а воздржливоста со трпение; а трпението со побожност; а побожноста со братољубие; а братољубието со љубов. Зашто, ако го имате сѐ тоа и тоа се умножува, не ве прави мрзливи и бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос, но, кој го нема тоа, слеп е и кусоглед: зашто заборавил дека е очистен од своите стари гревови. Затоа, браќа, погрижете се уште повеќе да го зацврстите својот позив и избор. Имено, ако го правите тоа никогаш нема да се сопнете. Зашто така ќе ви се даде изобилно влегување во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.