Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЦАРЕВИ 8:16-24

2 ЦАРЕВИ 8:16-24 MKB

Во петтата година на царувањето на Јорама, синот Ахавов, во Израел, јудејски цар стана Јорам, синот Јосафатов. Му беа триесет и две години кога се зацари, а царуваше осум години во Ерусалим. Живееше како израелските цареви, како и Ахавовиот дом, зашто Ахавовата ќерка му беше жена; правеше што е зло во Господовите очи. Сепак Господ не сакаше да го погуби Јуда заради Својот слуга Давид, затоа што му вети дека ќе им даде светилник нему и на неговите синови засекогаш. Во негово време Едомците се одметнаа од под јудејската власт и си поставија цар. Јорам отиде во Саир, и со него сите бојни коли. Се крена ноќе и ги погуби Едомците, кои ги опколија него и заповедниците на бојните коли. Народот избега во своите шатори. Сепак Едомците се ослободија од под јудината власт сѐ до денес. Во исто време се одметна и Ливна. Другите Јорамови дела, сѐ што направи, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви? Јорам почина покрај своите татковци, и беше закопан кај своите татковци во Давидовиот Град. Неговиот син Охозиј се зацари место него.