Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЦАРЕВИ 8:1-6

2 ЦАРЕВИ 8:1-6 MKB

Елисеј ја посоветува жената на која ѝ го оживеа синот: „Стани, тргни со своето семејство и засолни се како туѓинка каде и да било, зашто Господ пушти глад; веќе дојде во земјата за седум години.“ Жената стана и направи како што ѝ рече Божјиот човек: си отиде, таа и нејзиното семејство, и остана седум години во Филистејската Земја. На крајот на седмата година жената се врати од Филистејската Земја и отиде кај царот да си ја побара својата куќа и нивата. Токму царот разговараше со Гиезиј, слугата на Божјиот човек. Му велеше: „Раскажи ми за сите големи дела што Елисеј ги направил!“ И кога му раскажуваше на царот за воскресението на детето, ете ја жената на која Елисеј ѝ го оживи синот; таа му се обрати на царот заради својата куќа и за својата нива. А Гиезиј рече: „Господару цару, еве ја онаа жена, и еве го нејзиниот син, кого Елисеј го оживеа.“ Царот ја праша жената, и таа му раскажа сѐ. Тогаш царот даде еден слуга, кому му нареди: „Нека ѝ се врати сѐ што е нејзино, и сите приходи од денот кога ја напушти земјата до денес!“