Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 8:1-15

2 КОРИНТЈАНИТЕ 8:1-15 MKB

Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија; дека, иако во многу неволји, со кои беа искушувани, нивната преумножена радост и длабоката беда, покажаа преизобилно богатство на нивната дарежливост. Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно и нѐ молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службата на светите. И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја. Затоа го замоливме Тит како што порано започна, така и да го заврши меѓу вас и ова дело на љубовта. И како што изобилувате во сѐ, во верата, во словото, во знаењето, во секаква ревност и во љубовта кон нас, покажете го своето изобилство и во ова дело на љубовта. Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов, преку ревноста на другите. Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како заради вас од богат стана сиромашен, за да се обогатите вие преку Неговата сиромаштија. Со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои веќе од минатата година го почнавте не само со дело, туку и со својата волја. А сега довршете го и тоа дело: како што бевте подготвени да сакате, така да бидете подготвени и да го довршите, според она што имате. Зашто, ако има добра волја, таа е добро дошла според она што има, а не според она што нема. Не сакам олеснувањето на другите да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност: во сегашно време вашиот одвишок да ја покрие нивната скудност, и нивниот одвишок да послужи на вашата скудност, за да биде рамноправност, според она што е напишано: „Кој собра многу, немаше одвишок, а кој собра малку, немаше недостиг.“