Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 6

6
1А како Негови соработници ние ве молиме, да не ја примате напразно Божјата благодат. 2Зашто вели: „Во благопријатно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението! 3Не даваме никакви соблазни, ни во што, за да не ѝ се приговори на нашата служба; 4туку во сѐ се покажуваме како Божји слуги: во големо трпение, во неволји, во беди, во тешкотии, 5при удари, во темници, во буни, во напори, во бдеења, во пости; 6во чистота, во знаење, во трпеливост, во добрина, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов; 7во словото на вистината, во Божјата сила, со оружје на правдата, со десната и левата рака, 8со слава и со срам, со лош глас и со добар глас, како измамници, а вистински луѓе, 9како непознати, а пак, добро познати, како оние кои умираат - и ете, живееме; како казнувани, но не убивани, 10како жалосни, но секогаш радосни; како бедни, а збогатуваме други, како оние кои немаат ништо, а имаат сѐ.
11Нашата уста се отвори кон вас, Коринтјани, нашето срце стана широко. 12Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во вашите срца; 13ви зборувам како на свои деца: бидете широки и вие, за да ми вратите на ист начин. 14Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? 15Во што се сложува Христос со Велијал? Или каков дел има верникот со неверникот? 16Или како се сложува Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“ 17“Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам; 18и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Сѐмоќниот.“

Селектирано:

2 КОРИНТЈАНИТЕ 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се