Во неволја сме отсекаде, но не сме притеснети; во двоумење сме, но не губиме надеж; нѐ гонат, но не сме оставени; нѐ соборуваат, но не сме погубени. Каде и да одиме, секогаш го носиме Исусовото умирање во телото, па и животот Исусов да се покаже во нашето тело. Зашто ние, живите, секогаш сме предавани на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се покаже во нашето смртно тело. И така, смртта дејствува во нас, а животот во вас. А бидејќи го имаме истиот дух на верата, како што е напишано: „Поверував, затоа зборував,“ и ние веруваме и затоа зборуваме, знаејќи дека Оној, Кој Го воскресна Господа Исуса, ќе нѐ воскресне и нас со Исуса и заедно со вас ќе нѐ постави пред Себе.
Прочитај 2 КОРИНТЈАНИТЕ 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 КОРИНТЈАНИТЕ 4:8-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа