Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 11:23-30

2 КОРИНТЈАНИТЕ 11:23-30 MKB

Христови служители ли се? Зборувам во безумство. Јас сум уште повеќе. Повеќе се трудев, повеќепати бев во темници, бев биен премногу; многупати во смртни опасности. Од Јудејците примив петпати по четириесет удари без еден. Трипати бев бичуван, еднаш каменуван, трипати доживеав бродолом; ноќ и ден поминав на длабоко море. Често патував: бев во опасности од реки, во опасности од разбојници, во опасности од сонародници, во опасности од народи; во опасности во град, во опасности во пустина, во опасности по море, во опасност меѓу лажни браќа, во труд и тешкотија, многупати во неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и во голота; посебно, преку сѐ тоа што секојдневно напаѓа на мене - грижата за сите цркви. Кој е слаб, а и јас да не сум слаб? Кој се соблазнува, а јас да не согорувам? Ако треба да се фалам, ќе се фалам со своите слабости.