А јас самиот, Павле, ве молам заради Христовата кротост и благост; јас, кој сум смирен пред вас, кога сум меѓу вас, но сум смел кон вас, кога сум далеку од вас; ве молам кога ќе бидам при вас, да не треба да истапам со онаа смелост, со која мислам да истапам против некои, кои мислат дека ние одиме по телото. Зашто, иако живееме во телото, не војуваме со телото, зашто оружјето на нашето војување не е телесно, туку е силно во Бога за разурнување на тврдини, па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа; и готови сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.
Прочитај 2 КОРИНТЈАНИТЕ 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 КОРИНТЈАНИТЕ 10:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа