Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЛЕТОПИСИ 27

27
И. Јотамово царување
1А на Јотама му беа дваесет и пет години кога се зацари, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим. Името на мајка му беше Еруса, Садокова ќерка. 2Правеше што е право во Господовите очи, сосем како татко му Озиј; само што не влезе во Господовиот Храм. Народот и натаму беше расипан. 3Ја изгради Горната Врата на Господовиот Дом; градеше многу и на Офилскиот Ѕид. 4Соѕида и градови по Јудејската Гора, а во горите дворци и стражарници. 5Војуваше против царот на Амоновите синови и ги победи. Во таа година Амоновите синови му дадоа сто сребрени таланти и десет илјади кори пченица и десет илјади кори јачмен. Амоновите синови му платија толку и во втората и во третата година. 6Така Јотам се зацврсти, зашто го среди својот живот пред Господа, својот Бог. 7Другите Јотамови дела и сите негови војни и патишта запишани се во книжниот Свиток за израелските и јудејските цареви. 8Му беа дваесет и пет години кога се зацари, царуваше шеснаесет години во Ерусалим. 9Тогаш Јотам почина кај татковците, и го погребаа во Давидовиот Град. На неговото место зацари син му Ахаз.

Селектирано:

2 ЛЕТОПИСИ 27: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се