2 ЛЕТОПИСИ 19
19
д. Изобличување на Јосафат
1Кога јудејскиот цар Јосафат се врати во мир дома во Ерусалим, 2пред него излезе Ананиевиот син, гледачот Јуј, и му рече на царот Јосафат: „Зар да му помагаш на безбожникот и да го љубиш Господовиот мразител? Затоа и удира врз тебе Господовиот гнев. 3Сепак се најде нешто добро во тебе: ги отстрани ашерите од земјата и го насочи своето срце да Го бараш Господа!“
5. Јосафатово преобразување.
4Оттогаш Јосафат живееше во Ерусалим, пак излегуваше меѓу народот од Вир Савеа до Ефремовата Гора и го обрнуваше кон Господа, кон Бога на нивните татковци. 5Постави судии во земјата во сите утврдени јудејски градови, во секој град. 6И им рече: „Гледајте што работите, зашто не судите во човеково име, туку во Името на Господа. 7И така, сега Господовиот страв нека биде над вас; внимавајте и работете совесно, зашто во Господа, во нашиот Бог, нема неправда ни лицемерие, ниту Тој прима поткуп.“
8Јосафат постави левити, свештеници и главатари на израелските семејства во Ерусалим за да ги изречуваат Господовите судови и да пресудуваат во споровите. Тие живееја во Ерусалим, 9и тој им даде заповеди, велејќи: „Работете со Господов страв и со искрено срце. 10Каков и да е спор ако излезе пред вас од вашите браќа кои живеат во градовите: било да се работи за крвна одмазда, за законот, за заповедите, за одредби или за обреди, треба сѐ да им растолкувате, за да не Му згрешат на Господа и за да не се обори Неговиот гнев на вас и на вашите браќа. Работете така и нема да бидете виновни. 11И еве, свештеничкиот главатар Амариј ќе биде над вас во сите Господови работи, а Исмаиловиот син Завдиј, началникот на Јудиниот дом, во сите царски работи. Левитите ќе ви служат како писари. Бидете силни, и на работа! Господ ќе биде со оној, кој е добар.“
Селектирано:
2 ЛЕТОПИСИ 19: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.