Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЛЕТОПИСИ 15

15
3. Азариево пророштво и обнова на Заветот
1Тогаш Божјиот Дух слезе на Одидовиот син Азариј. 2Тој излезе пред Аса и му рече: „Чујте ме, Асо и сето Јудино и Венијаминово племе! Господ е со вас, зашто вие сте со Него; и ако го барате, ќе Го најдете; ако Го оставите, и Тој ќе ве остави вас. 3Долго Израелците беа без вистинскиот Бог и без свештеник - учител и без Закон. 4Кога во неволја Му се обратија на Господа, на Израелевиот Бог, и почнаа да Го бараат, Го најдоа. 5Во тоа време никој не можеше ни да излегува ни да доаѓа, зашто големи немири владееја меѓу сите земни жители. 6Народ удираше против народ, град против град, зашто Господ ги смути со секаква неволја. 7Но вие бидете храбри, и рацете нека не ви ослабат, зашто има награда за вашите дела.“
8Откако ги чу тие слова и пророчката беседа на синот на пророкот Одид, Аса се охрабри и ги отстрани киповите на гнасните нечисти божества од цела Јудеја и од Венијаминовата Земја, и од градовите кои ги имаше освоено во Ефремовата Гора. Го обнови и Господовиот жртвеник, што беше пред Господовиот Трем. 9Тогаш ги собра сето Јудино и Венијаминово племе и придојдениците, кои беа кај нив од Ефремовото, Манасиевото и Симеоновото племе, зашто мнозина од Израелците пребегаа кај него кога видоа дека со него е Господ, неговиот Бог. 10И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година на Асиното царување. 11Во оној ден Му принесоа жртви на Господа од пленот што го дотераа, седум стотини говеда и седум илјади ситен добиток. 12Се заветуваа дека ќе Го бараат Господа, Бога на своите татковци, со сето срце и со сета душа. 13А секој што не би Го барал Господа, Израелевиот Бог, да биде погубен, било мал или голем, маж или жена. 14Му се заколнаа на Господа гласно и покрај грмливо извикување, покрај труби и рогови. 15Сите Јудејци се радуваа заради таа заклетва и со сета своја волја Го бараа и Го најдоа. Господ им даде мир од сите страни.
16Царот Аса ја отстрани од власта и својата мајка Маха, зашто ѝ направи гаден идол на Ашера. Аса го исече нејзиниот гад, го сотре и го изгоре при потокот Кедрон. 17Но високите места не беа отстранети од Израел. Сепак Асиното срце Му беше приврзено на Господа за време на сиот негов живот. 18Ги внесе во Божјиот Дом посветените дарови на својот татко, и своите посветени: сребро и злато и посатки. 19Немаше војна сѐ до триесет и петтата година на Асиното царување.

Селектирано:

2 ЛЕТОПИСИ 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се