Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 САМОИЛ 21

21
8. Давидово бегство
а. Свештеник Ахимелех и свет леб
1Давид дојде во Ноб кај свештеникот Ахимелех. Овој треперејќи тргна во пресрет на Давида и го праша: „Зошто си сам и нема никој со тебе?“ 2А Давид му одговори на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде налог и ми рече: ‘Никој нека не знае зошто те праќам и што ти заповедав!’ А момчињата ги испратив да ме пречекаат на тоа и тоа место. 3А сега ако имаш при рака пет лебови, дај ми ги, или нешто што ќе се најде!“ 4А свештеникот му одговори на Давида: „Немам при рака обичен леб, туку само свет леб; ама само ако твоите момци се воздржале од жена.“ 5Давид му одговори на свештеникот вака: „Сосем безбедно! Жените ни беа воздржани, како и порано кога јас излегував, и телата на момците се чисти. Иако е ова обичен пат, навистина денес се чисти со телата.“ 6Тогаш свештеникот му даде свет леб, зашто немаше друг леб таму освен жртвениот, оној што беше отстрануван од пред Господа за да се замени со топол леб, во денот кога се зема. 7Таму во истиот ден беше еден од Сауловите слуги, се задржал пред Господа; се викаше Доик Идумеец, а беше надгледувач на Сауловите пастири.
б. Давид го зема Голијатовиот меч
8Давид го праша Ахимелеха: „А немаш ли тука при рака некакво копје или меч? Не го зедов со себе ни својот меч ни своето оружје, зашто царскиот налог беше итен.“ 9А свештеникот му одговори: „Тука е мечот на Филистеецот Голијат, на оној кого што го уби во Илинската Долина; завиткан е во плаштеница и е положен зад наплеќникот; ако сакаш да го земеш, само земи го, зашто друг освен него нема тука.“ А Давид одговори: „Таков веќе нема, дај ми го!“
в. Давид бега при гатскиот цар Ахис
10Потоа Давид стана и избега во оној ден далеку од Саула, и дојде кај Ахис, царот на Гат. 11А Ахисовите дворјани му рекоа на својот цар: „Не е ли тоа Давид, царот на земјата? Тоа е оној за кого пееја, играјќи:
‘Саул порази илјади,
Давид десетици илјади.’“
12Давид се замисли за тие зборови и многу се исплаши од гатскиот цар Ахис. 13Тогаш Давид почна да се преправа пред нив како да е умоболен и се владееше како безумник во нивните раце: тропаше по вратите и оставаше да му тече лига низ брадата. 14Тогаш Ахис им рече на своите дворјани: „Гледате добро дека човекот е безумник! Зошто го доведувате кај мене? 15Зар немам доста безумници та ми го доведувате овој, за да ми додева со своето лудило? Зар тој ќе влезе во мојата куќа?“

Селектирано:

1 САМОИЛ 21: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се