Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 САМОИЛ 1:1-8

1 САМОИЛ 1:1-8 MKB

Беше еден човек од Раматаим, Софимец од Ефремовата Гора, по име Елкан, син Јероамов, син Еливов, син Товин, син Суфов, Ефратец. Имаше две жени: името на едната ѝ беше Ана, а на другата името ѝ беше Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше. Тој човек се искачуваше секоја година од својот град за да Му принесе жртва на Господа на Силите во Сило. Таму беа двајцата Илиеви синови, Офниј и Финес, како Господови свештеници. Еден ден Елкан принесе жртва. Тој обично им даваше на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и ќерки жртвени делови, а на Ана ѝ даваше повеќе еден дел, зашто повеќе ја љубеше Ана, ама Господ ѝ ја беше затворил утробата. Покрај тоа нејзината соперница ја натажуваше, за да ја понижи зашто Господ ѝ ја беше затворил утробата. Така беше секоја година кога би поаѓале во Господовиот Дом: Фенина ја дразнеше. Затоа Ана плачеше и не сакаше да јаде. Тогаш и рече Елкан, нејзиниот маж: „Зошто плачеш Ана? И зошто не јадеш? Зошто ти е тажно срцето? Не сум ли ти јас повреден од десет синови?“