Ахав ѝ раскажа на Језавела сѐ што направи Илија и како ги погуби со меч сите пророци. Тогаш Језавела му испрати гласник на Илија со порака: „Боговите нека ми ги направат сите зла и нека придадат, ако утре во ова време не направам со твојот живот како што направи ти со животот на секој од нив!“ Тој се исплаши, стана и отиде за да си го спаси животот. Дојде во Вирсавеа, која е во Јудеја, и таму го отпушти својот момок. А самиот отиде ден одење во пустината; седна таму под смрека, посака да умре и рече: „Веќе ми е доста од сѐ, Господи! Земи ја мојата душа, зашто не сум подобар од своите татковци.“
Прочитај 1 ЦАРЕВИ 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 ЦАРЕВИ 19:1-4
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа